Login:
Password:

Forgot password? Register

Article


40
Вовед во е-Сим, едитирано [Christian] (Political)
Posted 6 years ago by
Christian    
Report


Поздрав е-сим Македонци. Оваа статија има за цел да ја ви ги објасни сите оние работи кои не ги знаете во оваа игра. Мислам дека бев детален и објаснив се, а за се останато што ве интересира ве поканувам на нашиот IRC Channel #esim-mkd за координација и дружење.

Не заборавајте да гласате Vote и претплата Subscribe по избор.

---------------------------------------------------------------------------------

1. Првото нешто што треба да го направите во оваа игра откако ќе се регистрирате е да најдете работа (Market -> Job Market).



Ја избирате работата која мислите дека е соодветна за вас(според платата) и откако ќе одберете одете во My places -> Work.



Кликате на Work - 5xp и вработувачот ви ја дава платата што ви следува, а вие добивате и Economy Skill (што поголем Economy Skill имате, толку повеќе производи произведувате)
- Ако случајно на Job Market најдете работа со поголема плата можете да ја напуштите претходната и да се вработите на друго место. (My places -> Work -> Leave Job)

---------------------------------------------------------------------------------

2. Следното нешто откако ќе најдете работа е да Тренирате - 3xp (My places -> Train).



Секое тренирање дава 50-20-10-5-2-1 сила (се намалува со тек на време), а во зависност од тоа колку сила имате, толку повеќе штета нанесувате во битки.
- Штетата која ја нанесувате во битки се подобрува со кревање на Воениот Ранк. Ранк поени се добиваат на секој удар што го правите во битка.

---------------------------------------------------------------------------------

3. Борење (Fight)



Сите битки во светот се наоѓаат во менито Country -> Battles



Секоја битка се состои од 8 рунди од 2 часа (максимум 15 рунди во случај 8-7). Најдобриот во секоја рунда добива Battle Hero медал.

Еве мал туторијал како да ја користите опцијата Борење:
- Одберете ја битката во која ќе сакате да мавате.
- Доколку е востание, а вие не сте во регионот ќе треба да се преселите (Mени под профилот -> Travel)


---------------------------------------------------------------------------------



Со притискање на копчетo Fight вие додавате штета која е есенцијална за освојување на битка.
Во случај да имате оружја ги одбирате во менито Select weapon.
Следно, кога ќе ја потрошите вашата енергија истата ја надополнувате со Eat Food/Use Gifts, го одбирате квалитетот на храната/гифтовите и ги користите.



3.1. Фактори кои влијаат на борењето.
- Опрема (My Places -> Equipment) - ја подобрува вашата сила, шансата за критикал, авоид и намалува шанса на промашување.



- Квалитет на оружје, храна, гифтови.
- Бонус на локација, бонус од Воена единица.
- Специјални работи (Market - Special Items)


---------------------------------------------------------------------------------

4. Компании (My places -> Companies).



Секоја компанија бара 20 голд за да ја отворите. Постојат фабрики за суровини, и за производи. Во нив можете да вработувате луѓе кои ќе работат по плата која вие ќе им ја одредите. На вас е да избалансирате меѓу фабриките за суровини и производи.

---------------------------------------------------------------------------------

5. Весник (My places -> Newspaper).



Секој играч може да има свој весник (како овој) за да може да објави она што го мисли. Во него пишувате статии за кои добивате Гласови(Vote) и претплати(Subscribe). Кога еден играч ќе собере 100 претплати, добива медал Media Mogule кој ќе ви донесе 5 голд.
- Во врска со статиите - можете да ги променувате и да ги бришите.

---------------------------------------------------------------------------------

6. Партија (My places -> Party).



Во играва можете да креирате и партија, во која ќе има претседател кој одлучува кој ќе биде кандидиран за претседател на државата, или пак за конгресмен. Креирањето на партија е 20 голд.
- Постојат 3 вида на избори, Претседателски (Country -> Presidental elections), Конгресменски (Country -> Congress elections), и избори за претседател на партија (Country -> Party elections). Сите овие членови се менуваат на 1 месец, така да секој месец има избори.

---------------------------------------------------------------------------------

7. Покани Пријатели (My places -> Invite Friends).



Оваа опција служи за да ги поканите вашите пријатели на Е-сим. Вашиот бенефит од тоа е што кога оној кој го поканивте ќе крене 6 левел вие добивате 5 голд, а тој добива дополнителни 2 голд.

---------------------------------------------------------------------------------

8. Маркет за продукти (Market -> Product Market).



Маркетот служи за купување и продавање на продукти и суровини. Ако сакате да купите продукт само бирате она што ви треба и кликате на View offers.



А ако сакате да продавате нешто тогаш ќе ја одберете опцијата Show my offers/post new offer.




---------------------------------------------------------------------------------

9. Маркет на валути (Market -> Monetary Market).



Оваа опција на маркетот служи за размена на валути. Можете да купите, или да објавите ваша понуда.
- Ако сакате да објавите ваша понуда само ќе внесете детали во табелата најдолу - Your offers.





---------------------------------------------------------------------------------
10. Компании за продажба (Market -> Companies for sale).



Овде можете да купите или да продадете фабрика "на старо". Ако немате фабрика тогаш ја немате опцијата да објавите ваша понуда.

---------------------------------------------------------------------------------

11. Статистики (Statistics).



Служи за да видите како се играчите, партиите, весниците и државите рангирани.

---------------------------------------------------------------------------------

12. Вести (News). Во овој прозорец се ставени сите вести кои луѓето ги објавуваат во своите весници.



- Top Articles - статиите со најмногу Гласови
- Latest Articles - најновите статии
- Fun Articles - Забавно
- Military events - Воени случувања
- Political events - Политички случувања
- Shouts - Шаути

---------------------------------------------------------------------------------

13. Држава (Country).



- Battles - битките во кои нашата држава учествува.
- War and politics - овде ги пишува алијансите што ги имаме склучено со другите држави, конгресмените на нашата држава, и нашиот претседател.
- Economy - ги пишува ресурсите кои ги има нашата држава, таксите и државниот буџет.
- Laws - законите кои ги предложуваат конгресмените и гласањето на истите.
- Map - мапата на Е-сим светот.

---------------------------------------------------------------------------------

Па драги граѓани на Е-сим Македонија, тоа беше се во ова мое обраќање до вас. Ако нешто повеќе ве интересира, слободно прашајте во коментар, или пак придружете ни се на каналот #esim.mkd на ризон. Фала ви на вниманието о7.

---------------------------------------------------------------------------------

Вашиот Christian .

Previous article:
Congratulations Red Team (6 years ago)

ESim
or
Register for free
Only letters, numbers, underscore and space are allowed (A-Z,a-z,0-9,_,' ')
Show more