18:41 23-5-2013
day 626

You are not logged in

Login:
Password:

Forgot password?


Article


31
Секогаш постои некој што ќе ти помогне па и повеќе отколку што очекуваш
Posted 1 year ago by ARHANGEL



ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ ! ( Поучна приказна 12 )

Синот постојано спорел со татка си.
- И јас имам пријател,како твојот. Освен тоа не е само еден,многу се...

А таткото секојпат одрекувал:

- Не е можно да се толку многу. Вистински пријател е еден,најмногу двајца.Не можеш да најдеш повеќе вистински пријатели...се обидувал да му докаже на синот.

И секојпат разговорот им завршувал со кавга.На крај решиле да направат еден испит,со кој ќе ги проверат пријателите на момчето и ќе дознаат колку се вистински.

Истата вечер,заклале една овца,ја ставиле во една платнена вреќа и таткото му рекол на синот:

- Ајде,земи ја сега оваа вреќа и оди кај оној кој мислиш дека ти е пријател.

Од вреќата капела крв.Од надвор изгледало како да е убиен човек и ставен во неа. Ја наметнал младичот вреќата и тргналл кон оној кој го сметал за најблизок. Штом стигнал,чукнал на портата. Кога пријателот му отворил и ја видел вреќата облиена во крв,брзо ја затворил вратата пред него...Дури не сакал ни да слушне за што дошол...

Од таму, синот се упатил кон следниот пријател и постепено ги обиколил сите кои ги сметал за пријатели и верни другари. Но насекаде било исто. Никој од пријателите не сакал да се занимава во никое доба со такви непријатности...

На крај,се вратил дома, изморен и скршен од тоа што го видел.

- Беше во право,татко! -рекол очајно. Немам пријатели на овој свет.Ниту јас ниту ти...

- Не сине, грешиш. - одговорил таткото. Јас имам еден, кого го сметам за свој верен пријател, и верувам дека е таков. Ајде земи ја вреќата и оди сега кај него.

Младичот не се противел.Ја нарамил вреќата и тргнал кон адресата што му ја кажал татко му .Пот течела од неговото чело и се мешала со крвта која капела од вреќата...

Откако ја нашол улицата, стигнал и тропнал на вратата. Отворил пријателот на татко му. Кога ја видел вреќата без да мисли, мажот веднаш го примил да влезе и брзо затворил зад него.Веднаш го однел во градината зад куќата. Ископал една дупка,во која ја закопал крвавата веќа, мислејќи дека во неа има човечки труп. Убаво ја замаскирал, направил редови и засадил лук...

Се прибрало момчето дома и уште од вратата извикало:

- Во право беше татко, тоа е навистина верен пријател.

Се уште не се знае сине, не брзај толку...Утре оди повторно кај тој човек, најди причина да се скарате и залепи му два шамари. Тогаш веќе ќе бидеш на јасно, дали е вистински или не.

Се согласил синот, и на наредниот ден ја исполнил желбата на татка си. Целта била да се уверат колку е верен тој пријател. Од ништо направил кавга и макар без желба му удрил два шамарина мажот.

А како одоговор слушнал:

- Оди и кажи му на татко ти, дека јас не ја предавам нивата со лук за два шамари...

Еве каков треба да биде вистинскиот пријател:

- да те сака тогаш кога најмалку си за сакање...

- да те гушка тогаш кога најмалку си за гушкање...

- да те трпи,тогаш кога си неподнослив...

- да ти дава верба и сили,тогаш кога целиот свет е свртен против тебе...

- кога ти е весело,да танцува заедно со тебе,а кога ти е тажно-да плаче рамо до рамо со тебе...

Но најважно од се е да биде добар математичар...

- да ја умножува радоста,

- да ја дели тагата,

- да го вади минатото,

- да ја собира иднината,

- да ги пресмета сите потреби,скриени во длабочините на твојата душа,

- и секогаш да биде поголем од сите останати.

И,се разбира,да не те остава на страна,кога веќе не му си потребен.

Previous article:
Тоа што ќе го стекнеме како млади во животот понатаму само го надградуваме неможеме да го смениме (1 year ago)

next article:
slikicka :D (1 year ago)


Comments(7)
16-11-2011 13:07:32
(1 year ago)


vrateno

16-11-2011 2:11:30
(1 year ago)


o7

27-10-2011 21:05:08
(1 year ago)


v+s

SUB

15-10-2011 16:08:51
(1 year ago)


s od porano, vote 12

11-10-2011 23:20:13
(1 year ago)


mnogu pederski baranjata be V+S

11-10-2011 8:34:27
(1 year ago)




10-10-2011 22:21:47
(1 year ago)


o7



New comment
Message:

Characters remaining: 1000


Contact | Laws | Privacy policy | Forum | Staff | Wiki | Irc | Tickets
Copyright© Amepton Management Ltd.